Зоран Заев и Христијан Мицкоски пред една недела биле на интервју во емисијата „Само интервју“ која се емитува на Канал 5 телевизија, но ниту еден од нив не знаел дека водителот Гоце Михајловски имал коронавирус. Нефоцијално, до тој момент ниту водителот не знаел дека е позитивен на вирусот.
„А1он“ стапи во контакт со директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, но тој не даде изјава, туку рече дека се затечени од ситуацијата и побара да го контактираме подоцна.
Неофицијално, Мирчески подолго време не доаѓал во телевизијата и контактот со вработените го остварувал телефонски. Ова не е потврдено од него, бидејќи тој побара да го контактираме подоцна.
Како што дознава „А1он“ од свои извори, сите вработени во телевизијата се во паника, а за тоа дека нивни колега е заболен од вирусот, дознале утрово од прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче. Најголема паника владеела бидејќи заболениот имал контакт со поголем дел од вработените бидејќи имал и раководна функција во телевизијата.
Од телевизијата со соопштение информираа дека Михајловски првите симптоми ги имал на петти април, додека бил на работа, иако претходно, на 28/29 март ги посетил неговите родители во Прилеп. Неофицијално, таткото на Михајловски веќе бил инфициран од коронавирусот.
На 7 Април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е негативен на корона вирусот. Во четврток, 09.04.2020 колегата Михајловски заминува во Воена болница, каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на Ковид-19”, посочуваат од телевизијата.