Вработените во Југохром го блокираа автопатот Скопје – Тетово

Од:

Со двочасовна блокада на патарината кај Желино од автопатот Тетово – Скопје работниците на Југохром Фероалјос денеска го искажаат своето незадоволство од тоа што од почетокот на месецов согласно одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, комбинатот мораше да ги иизгасне печките бидејќи не беше испочитуван рокот за поставување на филтри за отпрашување на фабричките оџаци.

Нивните барања се рестартирање на печките во Југохром Фероалојс и поништување на решението за тоа донесено од Државниот инспекторат за животна средина,  до повторното рестартирање на фабриката работниците да примаат плата или надоместок како за принуден одмор, сопственикот и менаџерскиот тим на комбинатот да се ангажираат целосно да се реши проблемот со поставување филтер станица за отпрашување. Најавија дека доколку не им се одговори позитивно на барањата тие ќе ги радикализираат протестите со блокирање и на стариот пат од Тетово кон Скопје заедно со автопатот. За овој месец во договор со управата на Југохром тие се на принуден одмор и ќе земат 70 отсто од платата.

– Затворањето на Југохром прво е многу лошо за овие луѓе што работат таму. Најпрво тие се и нивните семејства се најзагрозени и најоштетени и нормално дека уште еден два вакви капацитети во Македонија ако не работат тоа значи и целосно влошување на економската состојба на државата, изјави претседателот на СИЕР Пеце Ристести кој беше на протестите.

Според претседателот на синдикалната организација на Југохром Фероалојс Бајрам Амити, со затворањето на фабриката освен работниците без работа остануваат уште многу други луѓе што на некој начин се поврзани со работата на Југохром Фероалојс.

– Моментално без работа остануваат 700 вработени, но таа бројка не е 700 бидејќи има транспорт, има места каде се врши ископ на кварц и тоа е последователна работа значи без работа се три пати по седумстотини, рече Амити.

Неработењето на комбинатот целосно ја загрозува егзистенцијата на работниците и нивните семејства. За нив одлуката за затворање на фабриката е донесена врз неточни податоци дека Југохром е главниот загадувач на воздухот во Полошко.

– Сега сите сме на улица, сите сме задолжени со кредити и сите немаме извор повеќе. Затоа ако треба деноноќно ќе протестираме секој ден ама фабриката мора да работи. Ние не мислме лошо, навистина треба филтри да се градат но треба да ни се продолжи рокот што ни го одзеле фактички, смета работникот Љубиша Младеновиќ.

Југохром Фероалојс ги изгасна печките на почетокот од месецов согласно одлуката на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи управата на фабриката не го испочитува двегодишниот рок добиен за поставување на филтри на оџаците. Од управата посочија дека 21 месец чекале да ги добијат потребните дозволи за да отпочнат со негова градба и од јули интезивно работат на поставувае на системот за отпрашување. Поради тоа тие побарале продолжување на рокот за 18 месеци но засега немаат добиено одговор од надлежните.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција