(ВИДЕО) Вработениот на Економски обвинет дека посредувал за оценки: Не можев да помогнам за оценка

Од:

Обвинетиот Драган Денковски во случајот „Еразмус” кој од сведокот Дејан Трајковиќ на минатото рочиште беше посочен како посредник меѓу студентите и професорите, а вработен како демонстратор на Економскиот факултет при УКИМ, на денешното рочиште рече дека не бил близок со ниту еден професор за да бара оценки за студенти.

„Јас не можев да помогнам за некој да положи испит на било кој факултет, не само Економски факултет. Јас го знам Дејан Трајковиќ како сопственик на бифето и кафана во Дебар маало. Моите односи со него беа професионални, оти кога имав пауза одев во неговото бифе, пиев кафе, што и да ми душа посака. За тоа имам соодветно платено”, рече Денковски.

Дејан Трајковиќ кој е ексврсботен во бифето посочи дека Денковски имал ценовник за да помогне за положување на предмети кај професори. Денковски пак, посочи дека Трајковиќ го прекорувал бидејќи пријавувал студенти дека препишуваат на испити.

„Тој ме има прашано дали можам да му помогнам на него за негова братучедка да положи некој испит кој повеќе време не можела да го положи. Јас му кажав дека не можам, бидејќи немам пристап до системот за оценување. Имав впечаток дека е адвокат на студентите. Тој ме имаше прекорувано кога ќе поднесев пријава за препишување”, додаде Денковски.

Тој посочи дека бил студент на Економскиот факултет, а односите со професорите секогаш биле професионални.

„Моите односи со професорите беа професионални. Помеѓу мене и професорите немаше дружба. Не бев близок до ниту еден професор”, рече Денковски.

Денковски на факултетот бил волонтер, а потоа вработен. Тој внимавал на редот и дисциплината за време на полагањата на Економскиот факултет.

„По 30.06.2016 година не бев вработен на факултетот. Претходно работев како телефонист. Јас имав работни задачи да поднесувам пријави за тоа ако некој препишува на испити. Внимавав на редот и дисциплината. Поднесов над 50-100 пријави”, кажа Денковски.

На минатото рочиште, ексвработен во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек Шуклев од студентка барал секс или пари во замена за преодна оценка. Трајковиќ бил посредник помеѓу две студентки и професорот и тврди дека не дошло до договор за секс во замена за оценка.

Обвинителството за организиран криминал за предметот „Еразмус“ гони петмина осомничени, меѓу кои поранешниот декан и професор на менаџмент, Бобек Шуклев. Предметот е отворен во јуни 2016 година.

Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење, а имало случаи кога студенти добиле шестка иако немале право да го полагаат испитот или не им бил пријавен во таа испитна сесија. Осомничени се професорите Бобек Шуклев, Славе Ристески, Драган Денковски и Стојан Дебарлиев.

Професорот Стојан Дебарлиев кој е обвинет за злоупотреба на службена положба, а вработен на Економскиот факултет, распрашуван за полагање на студент кој е оштетен во постапката објасни дека тој неколку пати полагал и не ги положувал испитите, по што, му дал задача да направи семинарска работа за да положи. Според професорот, семинарската работа е дополнителен испит, откако претходно бил спроведен писмен испит.

„Кога ја разгледав семинарската работа, сфатив дека студентот вложил труд. Му пишав позитивна оценка”, рече Дебарлиев.

Обвинителката Ивана Трајчевска која го застапува “Еразмус” го праша професорот Дебарлиев кој кажа многу детали за полагањата на студентот, дали вака се сеќава за сите студенти, по што тој одговори “За секој студент се сеќавам различно”.

„Објаснив дека ми беше доволно времето да ја разгледам структурата на семинарската работа. Со таа тема имам прегледно преку 100 семинарски со истата тема, на памет ги знам. Литературата јас ја посочив. Имав доволно време да ја прегледам”, рече професорот Дебарлиев.

Пресудата ќе биде соопштена на 3 февруари.

Би можело да ве интересира

Избрани над 36.000 добитници на бесплатни билети за патување преку „Истражи ја ЕУ“

(ВИДЕО) Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и секс за оценки: Втора пресуда за „Еразмус“

Александар Тодески

„Професорите не се службени лица“ – единствената причина зошто падна „Еразмус“

Кристијан Ландов

Судијата Туфегџиќ за одлуката на Апелација за „Еразмус“: Ќе се анализираат причините за укинување на пресудата и напатствијата

Кристијан Ландов

Падна „Еразмус“ пред Апелација: Професорите кои се гонат дека барале секс и пари за оценки, ќе се судат одново

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Трајчева: Возраста не ги спречила професорите да бараат секс, за сега да биде олеснителна околност за казните

Кристијан Ландов