• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Вработени во ДЗС ја злоупотребиле службената положба и причиниле штета од 154.816 денари

by А1он17/02/2017 - 14:43110
Share0

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување се поднесени против тројца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија – подружници Гевгелија и Валандово.

Добивај вести на вибер

Станува збор за Ѓ.И. (59) од Валандово, М.Т. (51) од Гевгелија и Ѓ.П. (45) од Валандово кои, како што соопшти полицијата, причиниле материјална штета од вкупно 154.816 денари.

Првите двајца се товарат за 16, а третиот за 15 кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Прво и второ пријавениот во периодот од 1 декември 2014 година до 6 септември 2016 извршиле 16 инспекциски надзори во 14 правни лица на подрачјето на општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, за што изготвиле 16 записници во кои констатирале прекршоци-недостатоци сторени од страна на одговорните лица во правните лица. Констатирале дека не се вршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување, како и дека нема на увид елаборати за извршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување. Согласно записниците, давале рокови од 30 дена, односно осум за отстранување на недостатоците.

– По изминување на дадените рокови не вршеле контролен инспекциски надзор за констатирање на состојбите и почитување на дадените рокови за отстранување на недостатоците. Со овие дејства Ѓ.И. и М.Т. му овозможиле на Ѓ.П., во својство на одговорно лице, во име и за сметка на правното лице да стекне имотна корист од 431.009 денари. По вршените инспекциски надзори од страна на прво и второпријавениот во правните лица, третопријавениот со вршење задолжените мерења на громобранската инсталација и заштитното заземјување и изготвување на задолжените елаборати, причинил вкупна материјална штета од 154.816 денари, информира МВР.

krazba

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен