Спречен обид за разбојништво во Скопје

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.В. (43)  од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво во обид“. Пријавениот завчера околу 4:45 часот  на улицата „Козле“ во бензинска пумпа со сериозна закана дека ќе прави проблеми ако не му го дадат дневниот пазар, се обидел да изврши разбојништво.

Притоа бил спречен од двајцата вработени на пумпата кои го совладале и го предале на полициски службеници од ПСОН „Карпош“.

Судија во претходна постапка му одреди притвор од 30 дена. Пријавениот е прекршочно пријавуван за нарушување на јавниот ред и мир, а  во 2011 година му е поднесена кривична пријава за кривично дело „разбојништво“.

Би можело да ве интересира

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен