Вработена во тетовската болница пријавила физички напад од колега

Од:

Четириесет и четиригодишна жена, вработена во Клиничка болница Тетово пријавила во полиција дека била нападната од друг вработен во установата. Тетовската полиција вчера бележи уште две пријави за физички напад.

-На 12 јануари во 10.15 часот во СВР Тетово 44-годишната А.А. од тетовска Брвеница вработена во Клиничка болница Тетово пријавила дека околу 09.00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од Б.К. од Тетово, исто така, вработен во болницата, информираат од СВР Тетово.

Вчера во СВР Тетово малолетник заедно со неговиот родител пријавиле дека на 7 јануари околу 18.15 часот на паркинг од трговски центар во Тетово, додека тој бил со неговите малолетни пријатели, биле физички нападнати од четри лица кои при нападот користеле и остар предмет, со кој му нанеле повреда.

Во полицијата 24-годишна жена од Тетово пријавила дека на 11.01.2022 година околу 18.30 часот, во семејниот дом, по вербална расправија, ја нападнал нејзиниот сопруг Ф.Б.

Би можело да ве интересира

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он