Вработена во МВР Куманово го оштетила МВР за 204.600 денари

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривична пријава против М.П. (30), референт за управни работи во Отсекот за управни работи – Куманово за сторено кривично дело – “несовесно работење во службата“.

Пријавената, во текот на минатата година во својство на државен службеник – референт за управни работи во Отсекот за управни работи-Куманово, со несовесно постапување во извршувањето на работните обврски, направила кусок на плативи обрасци во вкупен износ од 204.600 денари, со што го оштетила Министерството за внатрешни работи.

На крајот од 2011 година, при извршен попис и раздолжување на М.П. од страна на книговодствениот работник во Одделението за заеднички работи е констатиран кусок на парични средства за издадени сообраќајни дозволи за моторни возила, трактори, потврди за регистрација, потврди за привремена регистрација, како и за издадени регистарски таблички за повеќе видови на возила, со различна форма и за различна намена.

Утврдено е дека во 2011 година со знаење и одобрување на раководителите, односно со усна наредба, М.П. не работела на шалтерот за прием на документи поради нејзина лоша комуникација со странки и истата работела на изготвување на сообраќајните дозволи, заведување на предметите и ажурирање во системот за автоматска обработка на податоци. Притоа пријавената за да се раздолжи со издадените регистарски таблици, сообраќајни дозволи и други плативи обрасци, била должна од барањата да ги извади уплатниците и на крајот од секој месец со изготвен преглед да ги предаде во благајната во СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ