Вработена украла 19.000 евра од маркет во Охрид

Од:

Вработена во маркет во Охрид, подолг временски период крадела од парите кои и биле доверени за работа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Таа, во својство на одговорно лице во маркет во Охрид, подолг период противправно присвојувала парични средства – сопственост на правниот субјект кои ѝ биле доверени за работа.

Со тоа, според финансиската документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби