Вработен во Здравствениот дом во Кратово бил во странство, но сепак добил плата

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ѓ.А.(53) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против Г.М.(61) и Т.Д.(62), двајцата од Кратово, кои се осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената, вработена во Јавната здравствена установа Кратово, во периодот од 15.6. до 30.6.2024, кога била задолжена за евидентирање на вработените во книгата за рапорт на Итната медицинска помош Кратово, за шест смени во текот на јуни 2024 евидентирала еден вработен во книгата и покрај тоа што бил надвор од државата, со што му овозможила за тој месец да прими цела плата и на тој начин го оштетила Буџетот на Здравствениот дом Кратово.

Второ и третопријавениот, исто така, вработени во Јавната здравствена установа Кратово, иако биле должни да го известат директорот, не го сториле тоа.

Би можело да ве интересира

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција