Вработен во општина Струга заработил кривична пријава за мито

Од:

Вработен во општина Струга заработи кривична пријава за „измама” и „злоупотреба на службена положба и овластување”, соопшти денеска СВР Охрид.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, 48-годишниот П.А. од струшкото село Заграчани на почетокот од минатата година во својство на вработен во општина Струга ја искористил својата службена положба и со пречекорување на овластувањата, на лице од Струга му ветил измена на урбанистички план за катарстарска парцела за што противправно примил 12.500 евра.

– П.А. најнапред како раководител на одделението за административна подршка на Советот, а од мај 2015 како раководител на секторот за инспекциски надзор, со цел да стекне противправна имотна корист, го довел во заблуда Ф.Р. од Струга ветувајќи му дека може да изврши измена на урбанистичкиот план на парцелата бр. 1922 КО Струга, појасни Димоски.

Тој, истакна портпаролот, на оштетениот му ветил дека наместо предвидените објекти за индустрија, на катарстарската парцела може да упише објекти за станбено домување кажувајќи му дека така поднесената иницијатива поминала на Совет на општина Струга. Иако знаел дека тоа не е вистина, пријавениот П.А. побарал и во три наврати примил вкупно 12.500 евра.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он