Наводно вработен во Министерството за внатрешни работи информира дека власта наголемо се подготвува за протестот на 17-ти мај и дека по вчерашните случувања е одлучено да биде активиран целиот полициски потенцијал, а дека ќе биде ангажирана и војската. Како што стои во пораката која циркулира на социјалните мрежи, наводно пред Владата ќе бидат поставени вработени во СГС како параполиција која треба да ја штити власта доколку полицијата откаже послушност.
„Почитувани, јас работам во МВР преку 15 години. Сега ќе ве известам што се спрема режимот. Не само специјалци околу Владата, туку и друго ќе има. После синоќешното случување пред Владата, ВМРО-ДПМНЕ и МВР се на готовс. Ова е планот за 17-ти мај. Зградата на МТВ ќе биде обезбедувана со преку 250 специјални полициски едници. Исто така ќе биде обезбедувано Собранието на РМ, поголемите судови како Уставен, Врховен, Апелациски, вилата на Водно. За обезбедување на Владата ќе бидат ангажирани над 4.700 полицајци од цела Македонија, а околу Влада ќе има над 900 припадници на СГС на Мијалков, луѓе кои се негова параполиција. Тие ќе бидат околу Владата во случај ако полицијата откаже послушност. За протестите ќе ангажираат и преку 2.000 војници од АРМ кои ќе носат полициска, а не војничка опрема. Се спремаат водени топови, хермелини, БТР оклопни возила, како и новите тенкови набавени од Турција кои не се воопшто употребени. И касарната Илинден ќе биде на готовс. Но едно не предвиделе. Тоа е народот. Ако има масовност, сето ова ќе им пропадне. Излезете сите! Со масовност ќе успеете сигурно! Верувајте ми!“, пишува во неговата порака.