Денеска градоначалникот Филип Темелковски свика редовен состанок на општинскиот кризен штаб на кој беше констатирано дека вработен во Општина Кисела Вода е заразен со вирусот Ковид-19.
На состанокот од страна на членовите на кризниот штаб беа разгледани можните ризици поради настанатата ситуација, а беа донесени и важни препораки како за вработените така и за жителите на општината, соопштува Општина Кисела Вода.
За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување.
Општина Кисела Вода информира дека до 12 мај, кога завршува карантинот на петте вработени лица кои биле во контакт со заболеното лице, Општината нема да работи со странки туку сите оние кои имаат прашања може да се обратат на следните телефонски броеви:
Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина
071261194
075309930
070 292 962
078 373 779
Сектор за урбанизам и просторно планирање:
02/2785429 за легализација
02/2785420 за одобренија за градење
02/2785443 за просторно планирање
Сектор за инспекциски работи
02/2785449
02/2785456
02/2785465
Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт
02/2785418
Сектор за месна самоуправа
02/2785427
Сектор за нормативно правни работи
070 226 037
072 314 988
Воедно, архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки и истата непречено ќе работи секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Локалната самоуправа за своите вработени набави и им подели заштитни маски кои ќе биде потребно задолжително да ги носат во своите канцеларии. Покрај ова, Општина Кисела Вода за полесно справување со вирусот, утре ќе добие донација 3.000 заштитни маски од Амбасадата на Словачка во Северна Македонија, соопштуваат од Општината.
Дезинфекцијата на општинските канцеларии, влезовите станбените згради, автобуските постојки, градинките и училиштата ќе продолжи да се одвива. Во зградите во кои живее некој заболен или пак каде што има лица во карантин дезинфеција ќе се врши на преку три дена, велат од Општина Кисела вода.