А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вработен во ЈСП има коронавирус, дел од персоналот во самоизолација

by А1он27/03/2020 - 13:14934
Share0

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Добивај вести на вибер

Оттука нагласуваат дека станува збор за лице кое не било во контакт со колегите повеќе од две недели, со оглед на примена на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица.

„Лицето не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач) кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица“, велат од ЈСП.

Пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.

ЈСП-Скопје ја информирa јавноста дека одговорно, навремено и активно ги спроведува и презема сите неопходни, превентивни и заштитни мерки во борбата против ширење на Ковид-19, како би ги заштитило корисниците на јавниот превоз и своите вработени. Сите возила вклучени во јавниот превоз секојдневно се подложни на дополнителна дезинфекција, а секојдневно се прават напори на вработените лица да им се обезбедат заштитини маски, ракавици и средства за дезинфекција.

Согласно превентивните и заштитните мерки донесени од Владата на РСМ, 179 лица се ослободени од работа, поради хронични заболувања, бременост, родители на деца до 10 години и слично. На сите лица кои влегуваат во автобазите (работните простоии) на ЈСП-Скопје им се мери телесната температура, а на сите вработени кои не се потребни во режим на намален интезитет на работа им се сугерира да ги користат старите годишни одмори. Дирекцијата има скратено работно време, воведено е ротационо работење, дел од билетарниците и центрите за персонализација се затворени или работат скратено, така да се превземени сите можни превентивни и заштитни мерки

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен