Вработен, позитивен на Ковид-19 ја затвори Општина Струга

Од:

Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделник.

После консултации остварени со надлежните институции од Општината е упатен повик до вработените во администрацијата да останат во самоизолација, а при евентуална појава на симптоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари.

-Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на пандемијата, се наведува во соопштението од Општина Струга.

Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инфицирани. Инаку, лицето позитивно на Ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски