Вработен на Онкологија од пациенти барал поткуп за да издаде лекарства

Од:

МВР до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против К.У.(24) од Дебар, за сторено кривично дело „примање поткуп“.

К.У., вработен во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, за да издаде терапија од аптеката на клиниката за пациентка, по издаден медицински извештај од лекар од клиниката за месеците септември и октомври 2022 година, побарал парична награда – поткуп во износ од 100 евра и истите ги примил на средба со пациентката на 21.10.2022 пред влезот на клиниката.

Исто така, претходно, во месец август 2022, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе по издадена терапија на пациентот, побарал и примил од истата пациентка парична награда во износ од 50 евра.

По пријавување на случајот од страна на пациентката во ОСОСК, преземени се мерки и активности и на 21.10.2022, на средба помеѓу нив двајца пред задниот влез на клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, откако истиот ѝ ги побарал паричните средства за две последователни терапии, пациентката му ја дала паричната награда – банкнота во апоен од 100 евра, по што истиот е лишен од слобода и при извршен преглед во полициска станица, кај него е пронајдена банкнотата во апоен од 100 евра.

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито