Возовите од Скопје за Велес втор ден доцнат и по 40 минути поради оштетенен насип на пруга помеѓу Лисиче и Драчево

Од:

Поради обилните дождови надојдената Маркова река вчера предизвика поголеми оштетувања на пругата помеѓу Скопје и Велес, на делница Лисиче –Драчево, поради што втор ден по 3 до 40 минути доцнат возовите од Скопје кон Велес.

Како што информираат денеска за МИА од Железничката станица во Велес, екипи на Македонски Железници од денеска работат на санирање на оштетениот насип на пругата од околу стотина метри на делницата Лисиче-Драчево, а според првичните најави што ги добиле од МЖ работите ќе траат недела-две во зависност од временските услови. Воедно денеска од Железничката станица од Велес за Скопје и обратно од Скопје сообраќаат сите возови.

Инаку и покрај големото оштетувањата на насипот на пругата од околу стотина метри, од МЖ вчера како што соопштија одлучија да не го сопрат сообраќајот на оваа релација, туку најавија дека ќе продолжи, но со зголемено времетраење на патувањето на оваа релација.

Воедно од МЖ појаснија дека возовите на оваа релација, додека трае санацијата ќе ја користат пругата преку Трубарево, а и оти можно некој воз да биде времено сопрен.

Би можело да ве интересира

Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Столбот на мостот на Црна река преку кој поминува возот ќе се прави околу два месеци

Десет дена нема воз Скопје-Битола

Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна, железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин

Поради расипана локомотива трет ден не сообраќа единствениот воз Скопје – Битола

Малку со воз, малку со автобус се патува Велес – Гевгелија поради прекин на железничката линија

Катерина Ѓуровски