Возот за Кочани од утре нема да сообраќа, на релација Гевгелија-Скопје и Битола-Скопје ќе сообраќаат само до Велес

Од:

Поради одрон на пругата на патниот правец Скопје – Велес, од утре, возот за и од Кочани нема да сообраќа се додека не се нормализира железничкиот сообраќај, информираат од Македонски железници.

Оттаму известуваат дека возовите кои сообраќаат на релација Гевгелија – Скопје и Битола – Скопје, ќе сообраќаат само до и од Велес.

Вечерва, сите патници кои се превезуваат со возовите: бр. 632 кој од Гевгелија поаѓа за Скопје во 16:55 часот и бр. 644 кој од Битола поаѓа за Скопје во 18:30 часот, од Велес до Скопје ќе бидат превезени со автобус.

Со автобус од Скопје до Велес ќе се превезат и патниците кои треба да патуваат за Битола со возот бр. 645 кој поаѓа во 20:10 часот, како и патниците кои треба да патуваат од Скопје за Велес со воз бр. 2085 што поаѓа во 22:40 часот, се наведува во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Најавен нов прекин на железничкиот сообраќај

Некој украл тегови од пругата кај Кванташки пазар, со часови бил прекинат меѓународниот железнички сообраќај

Жарко Настоски

Утре се пушта делот од пругата кај Романовце што беше оштетен во железничка несреќа

Жарко Настоски