Возот од Битола за Скопје замрзна

Од:

Тргнал, па запрел и се вратил на станицата, брзиот воз кој сообраќа на релацијата Битола-Скопје, утрово во 5:30 часот. Поради ладното време возот денес не ги однесе битолските патници во главниот град, туку од железничката станица им ги вратиле парите што ги дале за билети, објави Дневник.

Како што изјавиле од битолската железничка станица, дефект, најверојатно предизвикан од ниските температури, била причината зашто возот не тргнал, но се надеваат дека вакви проблеми нема да има со другите линии.

Инаку, според податоците на УХМР, утрово во седум часот во Битола биле измерени -16 степени целзиусови, слично како и во Берово. Поладно било само во Тетово со температура од -19 степени. Температурата во Скопје во седум часот била -13 степени целзиусови.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска