Возниот ред на ЈСП Скопје на мобилен телефон

Од:

За еден месец на страницата на ЈСП „Скопје“ – Скопје ќе се постави апликацијата „Автобуско“, која овозможува добивање информации во врска со јавниот автобуски превоз во главниот град. Врз основа на моменталната локација на корисникот, апликацијата овозможува брзо и прецизно пристигнување до посакуваната цел. Апликацијата го прикажува возниот ред, следните автобуси на зададена станица во зададено време, станиците на сите градски и приградски линии на мапа…

Автобуско“ е мобилна апликација која постои веќе една година и е развиена во периодот од jули за Андроид и oктомври за iOS верзијата од Мартин Анчевски, кој тогаш имал 22 и Нино Карас, 21 година. Ексклузивните права над оваа апликација ги откупи операторот Т – mobile и ја инсталира на нивните Андроид уреди во Македонија. Во 2010 година Карас и Анчевски се пријавиле за учество во One Android натпреварот за развивање мобилни апликации, каде настапиле со апликацијата „Автобуско“. Својата компанија ја основале во април 2011 година, а сега фирмата има 12 вработени.

Наредниот период CodeWell за потребите на ЈСП „Скопје“ ќе изработи веб апликација – планер за автобуски превоз во градот, која ќе ја содржи истата технологија, како и мобилната апликација „Автобуско“.

Идејата за креирање на оваа апликација е таа да овозможува планирање на патувањето со автобус со селектирање на почетната и крајната станица, а потоа системот самиот генерира решение кое му кажува на корисникот кој број на автобус да го одбере, дали и каде да промени.

Би можело да ве интересира

Скопјанец повреден при пад во автобус на ЈСП

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa