ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина пешак во Бутел – несреќата снимена, автомобил мина на црвено, удри друга кола и ја исфрли на тротоарот

Од:

Пешак загина вчера на раскрсница во Бутел. Несреќата снимена со безбедносни камери.

На снимката која ја објави Алсат се гледа како автомобил заобиколува друг автомобил кои стои на семафор и директно удира во автомобил кој доаѓа од спротивната страна.

Од силината на ударот автомобилот излета на тротоарот. МВР ја потврди несреќата и информира дека во таа несреќа животот го загубил пешак.

„ Во 23.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на ул.„Словенечка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото со скопски ознаки удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје. По несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Од Обвинителството за А1он велат дека извршен е увид на лице место, прибрани се траги и обезбедени снимки од видео надзор. Возачите на двата автомобили се задржани на лекување. Се постапува за утврдување на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

21-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Пијана жена направи сообраќајка при паркирање, ќе мора да плати 2.260 евра

А1он

Петмина повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми

Синот на легендарен англиски фудбалер загина во сообраќајка со трактор

А1он

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес