Четири новородени кучиња и мајка се отруени во Охрид. Во изминатиот период вклучително и вчера биле хранети од активистот Климент Арнаудов, кој објави дека денес се мртви. Сторителот на грозоморниот чин е непознат, а според пишувањето на терен ќе искочела полицијата каде е пријавен случајот.
„Масакар во с. Косел, Охрид. Ми ги отруја душињава што ги хранев. Предупредував на тоа затоа и ги објавував скоро секој ден. Полиција доаѓа на терен. Само да стигнеме до сторителот бел ден не ќе види. Ми трпи и работа и сѐ, животов ми се скрати ќе ја тужам и државава за нанесен душевен бол и сѐ“, пишува Климент Арнаудов.
Објавата на Арнаудов е од пред два часа. Како постапила полицијата, засега е непознато. Реакциите под видеото се бурни и сите бараат одговорност. „Убијци“, „Проклети да сте, се ќе ви се врати“, „Сељачишта прокелти“, „Господ на најмилото да им врати“ се дел од коментарите.