ВОЗНЕМИРУВАЧКИ фотографии од железничката несреќа во Велес

Од:

Првичните сознанија од увидот и истрагата која се води покажува дека 14-те илегални мигранти кои синоќа го загубија животот се помлади лица на возраст од околу 20 – тина години, а најголем дел се со потекло од Авганистан и од Сомалија.

Тој информира дека синоќа околу 22.30 часот експресниот воз кој сообраќал од Солун кон Белград на потегот на пругата од Велес кон Скопје, поточно помеѓу железничката станица „Рајко Жинзифов“ и „Пчиња“, налетал на поголема група мигранти, машиновозачот алармирал, се обидел да го запре возот, но не успеал, по што прегазил 14 илегални миганти кои сакале највероајтно да транзитираат низ територијата на Република Македонија кон земјите членки на ЕУ.

– Увидни екипи и екипи на медицинска помош и надлежниот јавен обвинител излегоа на лице место и извршен е увид. Пронајдени се тела на 14 илеглани мигранти, а на лице место пронајдени се уште осуммина други, веројатно нивни роднини кои се пренесени во полициска станица за да им бидат земени изјави за соодветно да биде документиран случајот, изјави Котевски.

Пругите низ Република Македонија, нагласи тој, се дел од оние рути кои илегалните мигранти ги користат одејќи по таканаречената „Балканска рута“ односно од соседна Грција кон побогатите земји од ЕУ.

– Како МВР ги преземаме сите неопходни мерки и активнсоти за што е можно подобро да ја обезбедиме јужната граница. Но, Република Македонија е под засилен притисок особено последните неколку години, од јужната граница од илегални мигранти кои доаѓаат главно од кризните жаришта и од северна Африка и од Блискиот исток. Единствнео решение во ваква ситуација, бидејќи не станува збор за локален проблем на кој е изложена РМ, туку за голобален проблем, е посоодветна соработка со грчките служби и посоодветно покривање на границата и од таа страна за да се спречат илегалните минувања, изјави меѓу другото Котевски.

132613201

132612864

132612863

132612868

132612867

132612866

132612865

132613200

132612870

132612869

19500132612867

ФОТО: Миа

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски