ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: На куче во Гевгелија му ја захевтале устата, активистите бараат помош

Од:

Стравотни фотографии од куче на кој некој му ја захевтал вилицата со тапетарска хевталка во Гевгелија денеска осамнаа на социјалните мрежи. Активистите за заштита на животните сведочат дека кучето, женка, кое сега има име Амели, вришти од болка по грозоморниот чин што му бил направен.

Веќе неколку дена фотографијата од кучето се споделуваше на социјалните мрежи и се бараше помош за него, но дури денеска активистите успеаја да го лоцираат и се шокирале кога го однеле на ветеринар, а во устата биле најдени делови од тапетарска хефталка.

„Едвај јаде, се лигави и мириса на скапано. Нормално дека не ја одминавме! Ја зедовме и ја однесовме на ветеринар. Кучето е живо и ќе се вика Амели. Во моментов кучето е на пат за Скопје, каде ќе биде оперирано и сместено постоперативно. Ова ќе биде долга и мачна борба, но ние не можевме да ја оставиме да умре“, пишува активист за заштита на животните од Гевгелија.

Од хуманите граѓани се бара секој да донира колку може, со цел да се спаси неговиот живот.

Сметки за донации:
200003109942988 Мелиса Богоева Стопанска банка
Paypal: [email protected]

Би можело да ве интересира

Најстарата мачка на светот почина на 33 години

A1on

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња

Предраг Петровиќ

Две момчиња од Тетово организирале борба на кучиња – заработија пријави од полицијата

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on