Возило влетало во маркет, повредени седум лица

Од:

Еден пешак и уште шест лица вработени во маркет се повредени вчера откако возило влетало во маркетот, во Скопје на бул.„Македонско Косовска Бригада“.

Како што информира МВР во дневниот Билтен, настанот се случил вчера изутрина во 07:40 часот кога Ќ.О. (42) од Скопје управувајќи возило „Опел Астра“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29) од Скопје.

– По ударот во пешакот, возачот продолжил со движење на возилото и со предниот дел удрил во влезната врата од маркет, по што продолжил да се движи во просторијата на маркетот и удрил во една од касите за наплата, во метални рафтови и во колички за пазарење, при што дошло до разнесување на предмети и стакло и дел од истите удриле во некои од вработените. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување, наведуваат од МВР.

По незгодата лекарска помош побарале и вработените од маркетот Ш.Ф. (25) А.С. (20), А.М. (22), С.О. (19), Ш.Х. (25) и С.Ј. (19) кои со возило на итна помош биле пренесени во ГОБ„8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Екипа од СВР-Скопје извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен