Возило излетало од патот кај Кукуречанска крстосница има двајца повредени

Од:

Вчера во 05.50 часот на патот Ресен-Прилеп, кај Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода во која И.К.(22) од Битола, управувајќи патничко моторно возило „Рено Меган“ со битолски регистарски ознаки изгубила контрола над истото, излетала надвор од патот и се превртела.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактури на двете подлактици и исчашување на рачните зглобови) се здобил сопатникот А.Ј.(26) од Битола, а додека И.К. се здобила со телесна повреда (исчашување на лев скочен зглоб и расекотина на главата).

Истите биле пренесени и задржани на лекување во Клиничка болница-Битола. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина