Возел со 1,35 промили алкохол во крвта, удри млада девојка на улица во Скопје

Од:

Приведен е 48-годишник кој синоќа под дејство на алкхол удри во млада девојка на улица во Скопје. Девојката е со тешки телесни повреди на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот е приведен.

– На 02.03.2025 околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка. По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираше МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена