Возел без дозвола, па усмртил друг возач

Од:

Утврден е идентитетот на загинатиот во синоќешната сообраќајна несреќа кај штипското село Криви Дол, на патот Штип – Свети Николе. Во несреќата загина 28-годишниот Спасе Столковски, од селото Таринци, оженет, татко на едно дете. Стоилковски, најверојатно, починал на местото на несреќата откако во неговото возило „југо“ удрило возилото „мазда“, со кое управувал скопјанецот Џ.З., кој, според истрагата, немал возачка дозвола. Ударот бил толку силен што „југото“ на Стоилковски се превртело и излетало од коловозот.

Џ.З. побегнал од местото на настанот, но подоцна, по патот го пронашла екипата на Итната помош. Докторот Јусеин Османов изјави дека го нашле со раскрвавено лице.

– Го забележавме како пешачи по работ на коловозот, најверојатно се криел од полицијата во грмушките – изјави д-р Османов.

Џ.З. во е згрижен во Клиничката болница во Штип, каде му е укажана лекарска помош. Според лекарите, има помали исеченици по лицето, кои му се санирани. Му се следи состојбата, додека е обезбедуван од полиција, која очекува да го спроведе пред истрагата.

Во несреќата, возилото на Џ.З. удрило и во трето возило, на светиноколчанецот Ј.Д., врз кое е предизвикана материјална штета.

Мета

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи