Возел автомобил со 1,52 промили алкохол, приведен 21-годишен кумановец

Од:

21-годишен кумановец возел со 1,52 промили алкохол во крвта. Полицијата го привела и ќе поднесе кривична пријава.

– На 30.03.2025 околу 01.00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија