Возач загина откако излетал од пат и паднал во канал

Од:

Возач на патничко возило загина откако излетал од стариот пат Петровец – Катланово и паднал во канал, соопшти СВР Скопје, информирајќи за сообраќајните незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Несреќата, како што информира СВР Скопје, се случила вчера околу 17 часот пред Катланово.

Според билтенот на СВР Скопје, изминатите 24 часа во три од вкупно девет сообраќајни незгоди потешко повредени се две лица, а едно се здобило со лесни телесни повреди. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Полицијата санкционирала 17 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца кои возеле под дејство на алкохол и девет возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени и две технички неисправни и пет нерегистрирани возила. Полицијата издала и 96 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 72 возила.

Санкционирани се и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, девет за неправилно престројување, пет за неправилно престигнување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи кои не поседувале зимска опрема во возилата, 19 за неносење сигурносен појас и 12 за користење мобилен телефон. Санкционирани се и шест пешаци кои поминале на црвено светло.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија