Возач загина во сообраќајка во Струмица

Од:

Триесет и седумгодишен жител од струмичкото село Еднокуќево синоќа загинал во сообраќајка на влезот во село Босилово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 21:50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица — село Ново Село, поточно на влезот во село Босилово, патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело.

Возачот починал на самото место. Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип