Возач загина во сообраќајка на магистралниот пат Струмица-Радовиш

Од:

На магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска крстосница, ноќеска во 01:10 часот, 33 годишен жител на село Ораовица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел зафира“ со радовишки регистарски ознаки удрил во патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 4 годишен жител на Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.

Како што соопштуваат од МВР, 33 годишниот маж починал на местото на настанот, додека смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски