Возач усмрти пешак во Скопје

Од:

Педесет и осумгодишен жител на Орман со возило вчера удрил во двајца пешаци на улица Јадранска магистрала во Скопје. Едниот пешак, на возраст од 23 години, починал во болница.

Според информациите на МВР, вчера во 18.40 часот во Скопје на улица Јадранска магистрала, Н.Ј.А.М.(58) од село Орман со возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешаците А.Н.(23) од Гостивар и З.А.(68) од село Дебреше, гостиварско.

Повредените биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде во 19.20 часот од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н.,додека кај З.А. се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип