Возач од Бугарија пронајден мртов во камион на терминал на Деве Баир

Од:

60-годишен возач на камион од Бугарија вчера утро е пронајден мртов во товарно моторно возило марка „волво“ со бугарски регистарски ознаки на терминалот на граничниот премин „Деве Баир“.

МВР информира дека случајот го пријавил вработен на царинскиот терминал Деве Баир вчера во 9 часот и 30 минути.

Од екипа од Итна медицинска помош Крива Паланка била констатирана смрт без траги од насилство, а причина за смртта е престанок на работа на срцето и виталните органи.

Утврдено е дека починатиот е Б.Л.Ј. (60) од Дупница, Р.Бугарија, кој на 21 февруари 2017 година се упатил со возилото да изврши транспорт до Скопје како крајна дестинација. На ГП „Деве Баир“ пристигнал на 22 февруари 2017 година во 14.50 часот.

По наредба од Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип