Возач на камион под истрага за криумчарење на 69 мигранти

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи – Југ, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик.

Осомничениот на ден 09.05.2016 г. во раните утрински часови го паркирал своето товарно моторно возило – камион марка Мерцедес, на паркингот во близина на бензинската пумпа „ОКТА“ на граничниот премин Богородица. Камионот бил погодно направен за криумчарење мигранти, кои преку специјален отвор што се наоѓал на подот на шасијата, незабележано влегувале од под паркираното возило во товарниот простор. На ваков начин, осомничениот со претходно добро организирање прифатил 69 мигранти од кои 13 биле малолетни лица.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице со кој судијата, по спроведеното испитување на странките, се согласи и донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он