Возач на автобус починал на превојот Стража

Од:

Возач на автобус починал од неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Според СВР Тетово синоќа на превојот „Стража“ починал Г.Д (37) од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици.

Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража“, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопјанец го бркаа со сатар низ Лептокарија бидејќи се пожалил на високата сметка

Кристијан Ландов

Едно лица загина, тројца се повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Скопјанец загина во сообраќајка во близина на Охрид

Ана Ололовска

Се превртел трактор, загинала сопатничката

Ана Ололовска

Туристка од Холандија пронајдена мртва во хотел во Струга

Ана Ололовска

Загина тракторист кај демиркаписка Корешница

Ана Ололовска