Возач на автобус обвинет за тешката автобуска несреќа на автопатот Велес-Скопје

Од:

Велешкото Јавно обвинителство до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице од Скопје, на возраст од 50 години, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавно обвинителство информираат дека на 20 август 2017 година обвинетиот управувал со автобус марка „Неоплан“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на компанијата „Бус травел“-Скопје, движејќи се по автопатот А1, делница Велес-Скопје, по средната коловозна лента. Околу 18:50 часот дошол до местото викано „Пуста Кула“, на околу 4,8 километри по наплатната станица Отовица и притоа, спротивно на одредбата од членот 29 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, не се движел по средината од коловозната лента на која се наоѓал и не ја држел страната и правецот на движење.

Во тој момент, како што соопштуваат од Обвинителството, започнал да се движи во лево, преминувајќи на левата коловозна лента, по што излегол од коловозот и удрил во заштитната метална ограда, се одвоил од неа и продолжил да се движи по нерамен терен, се превртел на левата бочна страна и застанал на земјената површина.

Како последица на сообраќајната несреќа, 14 патници се здобиле со телесни повреди, 13 патници се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца од тешко повредените подоцна починале.

За обвинетото лице на сила се мерки на претпазливост, за кои надлежниот јавен обвинител предложи да бидат продолжени, бидејќи и натаму постојат законските основи, соопштуваат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ