Возач и сопатничка тешко повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Од:

Возач на автомобил и неговата сопатничка утрово се пренесени на скопските клини со тешки телесни повреди, откако излетале од коловозот на автопатот Тетово-Гостивар.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила утрово околу два часот во близина на „тумчевишкиот надвозник“. Автомобил „БМВ“ што го управувал Ј.Р. (25) од скопско Грчец, загубил контрола и излетал во околните ниви, превртувајќи се неколку пати. Во несреќата со тешки повреди се задобила и сопатничката К.П. (29) од Берово. Двајцата, првин биле згрижени во ургентното одделение во гостиварската болница, од каде како итни случаи се пренесени на скопските клиники.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово, по овластување на јавен обвинител. Првично, причина за несреќата е неприлагодена брзина, а вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он