Воз удри во трактор во тетовско

Од:

Трактор со приколка бил удрен од возот кој сообраќал на релација Скопје-Кичево во близина на Ратајскиот премин преку пругата во атарот на селото Порој, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци сообраќајката се случила околу 14 часот и 40 минути кога возот број 663 удрил во тракторот од марката „форд“ со приколка, без регистарски табличкки управуван од М.Б.(33) од Порој.

– За среќа нема повредени бидејќи трактористот скокнал додека тракторот и приколката се оштетени, а извесни оштетувања претрпел и возот, но не во таа мера што би го попречиле неговото понатамошно движење. Сепак движењето на возот кон Скопје ќе продолжи откако ќе заврши увидот на екипи на СВР Тетово кои се на местото од несреќата. Според првичните информации од возачот на тракторот сакал да помине преку пругата и токму во тој момент му изгасил моторот од тракторот, по што откако го забележал возот скокнал настрана, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска