20-годишниот Лазе Лазевски и неговиот врсник Пепи Анчевски, двајцата од Башино село, се тешко повредени во железничката несреќа што вечерва околу 21 часот и 20 минути се случи на преминот на битолската пруга.
Тие се наоѓале во автомобилот марка Форд, со велешка регистерска табличка кој преминал преку пругата во моментот кога доаѓал патничкиот воз од Битола за Скопје.
Од силниот удар на возот сосема е уништен автомобилот кој завршил во знакот крај патот.
Лазевски и Анчевски, имале среќа, излетале надвор од Фордот но завршиле со повреди на главата и телото. Жители на населбата Керамидна повикале брза помош и момчињата биле префрлени во болницата во Велес.