Воз прегази Сириец во Демир Капија

Од:

Дваесет и четири годишен Сириец бил прегазен од воз на железничката пруга на излез од Демир Капија кон Неготино.

Како што соопшти МВР, вчера во 11 часот во полициската станица Неготино, било пријавено дека е пронајдено непознато машко лице прегазено од воз. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Неготино, при што е утврдено дека се работи за 24 годишно лице од Сирија. Телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена