Воз прегази мигрант во близина на Миравци

Од:

Возот кој сообраќа на релација Гевгелија-Скопје, ноќеска нешто по полноќ во близина на селото Миравци удрил во човек кој лежел на пругата информира Министерството за внатрешни работи.

-На 06.11.2022 во 01.07 часот било пријавено дека околу 00.15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на с.Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата. Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант се наведува со информацијата од МВР.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари