Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Од:

Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи на воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.

Како што соопштуваат од МВР, пријавата во Полициската станица Гевгелија е регистрирана вчера во 18:33 часот, а несреќата се случила на местото викано „Подвозник“. Повреденото лице веднаш било пренесено во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

– На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди – стои во соопштението.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелиското Одделение за внатрешни работи (ОВР).

Би можело да ве интересира

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино