Воведен еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“ на Водно

Од:

Општина Центар започнува со поставување сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“ во населбата Водно.

„Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на проточноста на дел од улиците, денеска се започнува со градежните активности за поставување сообраќајната сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“, на потегот од крстосницата со улицата „Тодор Александров“ до крстосницата со улиците „Питу Гули“ и „Ацо Караманов“, соопшти Општина Центар.

По поставувањето вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Партениј Зографски“, Општина Центар ќе почне со обележување на хоризонталната сигнализација и освежување на боите на улиците во овој дел од Центар.

„Поставувањето нова сообраќајна сигнализација ќе овозможи намалување на сообраќајот и протокот на возила, како и зголемена безбедност за пешаците и велосипедистите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим и да бидат внимателни при изведбата на градежните активности во овој дел на градот“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар