Воспоставени дипломатски односи со Тунис и со Ерменија

Од:

На маргините на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Тунис Кемаис Зинаи потпишаа Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. Протокол за воспоставување дипломатски односи, како што соопшти МНР, Димитров потпишал и со неговиот ерменски колега Зохраб Мнацаканјан.

– Дипломатските односи со Република Тунис ќе доведат до воспоставување на политички дијалог и создавање на можности за интензивирање на економската и културната размена, како и на соработката на мултилатерален план, се наведува во соопштението од МНР.

Воспоставувањето на дипломатските односи со Ерменија ќе придонесe кон продлабочување на севкупната соработка меѓу двете земји. Со формализирањето, се овозможуваат нови перспективи за развој на политичкиот дијалог, интензивирање на културната и економската соработка, како и почеста мултилатерална комуникација, се посочува во соопштението.

Основи за поинтензивна соработка беа воспоставени и со Грузија. Министерот Димитров и неговиот грузиски колега Давид Залкалиани потпишаа Протокол за соработка меѓу двете министерства и разговараа за унапредување на односите преку политички консултации, визна либерализација, бизнис посети и мултилатерална соработка.

На маргините на Генералното собрание на ОН Димитров имаше билатерална средба со неговиот колега од Летонија Едгарс Ринкевич.

Како што соопшти МНР, Димитров истакнал дека македонските граѓани, кои даваат широка поддршка на европската идеја, имаат големи очекувања од октомврискиот состанок на Европскиот совет. Позитивната одлука ќе биде јасна порака за нив, за регионот и за довербата во политиката на ЕУ кон Балканот.

Министерот Ринкевич изразил безусловна подршка на нашите определби за зачленување во ЕУ и во НАТО. Со оглед на постоечкиот моментум, летонскиот министер посочил дека ЕУ треба да даде позитивен сигнал, што ќе биде добро и за ЕУ, за стабилноста на регионот и за кредибилноста на политиката на проширување.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението, разговарале и за динамиките поврзани со нашето пристапување кон Алијансата во светло на лондонскиот самит на НАТО.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ