Воспоставена платформа за дискусија за телекомуникациите

Од:

Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска ја организираше Правата работилница од областа на телекомуникациите „FutureComNet 2014“.

Целта на работилница, според претседателот на Организацискиот одбор, професор Лилјана Гавриловска, е да се воспостави постојан контакт на Институтот со сите релевантни фактори од областа на телекомуникациите.

– Оваа работилница ги спои академијата, индустријата, телеком операторите, компаниите и регулаторните тела во нашата држава и во соседните земји и овозможи платформа за дискусија и размена на идеи и формирање на стратегии во врска со најновите телекомуникациски предизвици, како што се идните пристапни технологии, работењето „во облак”, управувањето со големи количини податоци и развојот кон следната генерација мобилни системи 5G“, вели Гавриловска.

Според неа, идејата е овој собир да прерасне во барометар на развојот на телекомуникациите кој ќе ги следи збиднувањата во овој сектор, но и ќе ги анализира актуелните прашања.

Новите технологии предизвикуваат нарушувања на традиционалниот екосистем, потенцира модероторот на панелот ОТТ сервиси во Македонија, професор Борислав Поповски.

– Денес сме сведоци на драматични промени во телекомуникациите, кога новите технологии предизвикуваат нарушување на традиционалниот екосистем. Телеком операторите настојуваат да се адаптираат од вертикално интегриран модел, каде еден оператор кој ја поседува мрежата овозможува и услуги на говор, Интернет и телевизија, во нова околина каде се е податок и каде содржините, видеото, музиката не се поврзани со мрежата. Во такви услови се очекува ОТТ сервисите (Over-Тhe-Тop) да доживеат експлозивен развој, кога голем дел од содржините ќе се добиваат директно од провајдерите на содржини, во интерактивна околина и во време, место и тип на екран (телевизор, мобилен уред, таблет) по избор на корисникот, рече Поповски.

Деканот на Факултетот за електротехника и компјутерство од Загреб, професор Мислав Гргиќ, посебно ја истакна соработката со ФЕИТ во насока на мобилност на студентите, но и преку новооснованата задруга „Energy Platform Living Lab – Задруга за отворени иновации во енергетиката“.

– Преку предавањето насловено „Knowledge triangle – interaction between education, research and innovation” го потенцирав триаоголникот на знаењето кој ги поврзува образованието, истражувањето и иновациите. Сето тоа, перку пример на нашиот факултет, кој со години успешно ги развива и поврзува овие три сегменти и со ова синергиско дејствување има позитивно влијание во средината“, објасни Гргиќ.

За Синиша Апостоловски, советник за телекомуникации во Агенцијата за електронски комуникации, овој настан претставува спој на претставниците на индустријата, едукативниот систем и на креаторите на државната политика.

– АЕК, на оваа работилница, се јавува во улога на креатор на државната политика со цел да се развива пазарот на електронски комуникации, со посебен акцент на следните генерации пристапни мрежи и оптика и 4G мобилните мрежи“, вели Апостоловски.

На работилницата се одржаа неколку пленарни предавања на експерти од академијата и стопанството, како и постер/демо сесија за презентација на работата и достигнувањата на членовите на Институтот за телекомуникации и запознавање со неговата инфраструктура.

Би можело да ве интересира

4iG заинтересирана за влез и во Грција

Јунајтед Груп стана член на Извршниот одбор на ЕТНО

Јунајтед Груп поддржана од БЦ Партнерс постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор Винд Хелас

Ана Ололовска

Српскиот државен Телеком влегува во Македонија, веќе основал фирма во земјава

Жарко Настоски

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

Јунајтед Груп ја презеде најголемата бугарска медиумска групација Нова

Жарко Настоски