Во Битола на улица „Климент Охридски“, во казино „Сити Клуб“, утрово околу 05,00 часот непознат сторител маскиран со маска на главата и вооружен со пиштол и нож, извршил разбојништво над вработен при што одзел околу 170.000 денари.
МВР денеска соопшти дека разбојништвото сторителот го извршил на тој начин што со сериозна закана со огненото оружје над вработениот, ги одзел парите и го напуштил местото.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.