Вооружен грабеж на Спортска обложувалница во Драчево

Од:

Непознато вооружено лице синоќа извршило грабеж во спортска обложувалница во Драчево при што одзело околу 300.000 денари.

Како што соопшти МВР, за инцидентот синоќа околу 22:12 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека се случил на ул. „Ратко Митровиќ“, поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“.

– Од страна на непознато лице со закана со пиштол било извршено разбојништво врз вработениот при тоа биле одземени сума на пари од околу 300.000 денари, стои во соопштението

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби