А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вонредната состојба го зголеми ризикот од семејно насилство, Владата итно да подготви мерки за превенирање по укинувањето

by А1он20/04/2020 - 08:56509
Share0

Поради пандемијата со Ковид-19 во земјава и воведената вонредна состојба е зголемен ризикот од семејно насилство апелираат од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство Сите граѓани се затворени во своите домови, па така и жртвите заедно со насилниците ги поминуваат овие денови. Можноста за пријавување на насилство е драстично намалена, а зголемен е ризикот од психичко и физичко малтретирање.

Добивај вести на вибер

Од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство истакнаа дека домот за многу жени кои се жртви на семејно насилство и на интимно партнерско насилство не е сигурно место на живеење.

„Со овие мерки, жените жртви на насилство и нивните деца (доколку ги имаат) се ставаат во многу тешка и во некои случаи и во животно загрозувачка ситуација. Во држава во која е прогласена вонредна состојба, децата се дома цел ден, затворени се сите кафулиња, ресторани, кафеани, затворени се и спортските обложувалници, како и сите останати можности за социјални активности, пријателите се дома со своите семејства, затворени се сите места каде може да се канализира агресијата и единствено што останува достапно е семејството, сопругата/партнерката, децата, родителите, вели посочи Елена Димушевска, извршна директорка на мрежата.

Националната мрежа до Владата предложи и други итни мерки за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство во услови на криза, но за некои од нив се уште не е одговорено соодветно.

Тие предлагаат Министерство за труд и социјална политика во соработка со Министерство за здравство да развие протоколи за безбедно сместување на жени жртви на насилство и нивните деца, согласно препораките за заштита од Ковид -19, како и МТСП да објави броеви за пријава на семејно насилство кои ќе бидат функционални 24/7, посебно за секој град каде има центар за социјална работа.

МВР и МТСП, пак, на неделно ниво да објавуваат статистика за бројот на пријавени случаи на семејно насилство, поделена по градови и пол на жртва.

Една од предложените мерки е жртвите на насилство да ги користат линиите за пријавување на истото (СОС линии, МВР и ЦСР, граѓански организации) и линиите за помош и поддршка да работат преку онлајн чатови и пораки, и СМС пораки. Покрај пријавување на насилство на 192, да се наложи на службите за брза помош (194) и противпожарната бригада (193) да одговараат на повици за пријави на насилство и да ја известат надлежната полициска станица да постапи во најкраток можен рок.

coronavirus mkdsemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 14:37

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 13:2729/03/2026 - 14:50

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он28/03/2026 - 16:1228/03/2026 - 17:24

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:4126/03/2026 - 14:39

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто