Вонредна дезинфекција и дератизација во штипските градинки и училишта

Од:

Во сите градинки, основните и средни училишта во Штип деновиве е извршена вонредна дезинфекција и дератизација, согласно препораките на Министерството за здравство со цел справување со ширењето на грипот.

Според Марија Џонова-Попова од Одделението за образование во Општина Штип, намален е бројот на децата во штипските детски градинки, каде поради ниските температури и грипот родителите, превентивно не ги носат децата во градинките.

Во дветте детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ и нивните клонови во населбите од вкупно запишани 1.450 деца, дневно во нив се згрижуваат околу 200 деца.

– Сведоци сме сите дека изминатиот период нашата држава ја зафатија поларни температури, па затоа голем дел од родителите одлучија дечињата да не ги пуштаат во градинка. Меѓутоа и покрај ниските температури, градинките се целосно спремни за овој период. Резервите со нафта се на завидно ниво, сите простории се топли, дури градинките располагаат и со дополнителни грејни тела, доколку е потребно да се вклучат, за да се затоплат просториите, вели Џонова-Попова.

Советничката во Одделението за образование во општина Штип Соња Николовска, денеска соопшти дека во основните и средни училишта деновиве извршена е вонредна дезинфекција и дератизација согласно препораките на Комисијата за спречување на заразни болест. Во штипските основни и средни училишта нема технички проблеми со парното греење, додека техничките служби превенираат да не дојде до замзрнување или дефект во училиштата. Нафта и огревно дрво има во доволни колчини за второто полугодие на учебната 2016-2017 година, кое ќе почне на 23. јануари.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он