Министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот хрватски ракометар Денис Тот, информира Министерството за здравство.
– По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски, се додава во соопштението.